Кортни Кардашијан неодамна по трет пат се омажи за Тревис Баркер, а малку порано беше мета на негативни коментари за тоа како се здебелила.
Старлетата потоа се огласи и објасни дека таквите коментари ја погодиле бидејќи се обидувала да остане бремена со помош на ин витро оплодување.
Таа потврдила и дека се уште работат на правење бебе, кога изјавила дека таа и нејзиниот сопруг посетуваат експерт за ајурведска медицина со цел да ги зголемат шансите за бременост.
Во новата епизода од реалното шоу Keeping up with the Kardashians, Кортни изјави дека експерт за оваа алтернативна медицина и рекол дека „може да помогне ако пијам сперма на Тревис четири пати неделно“.
Таа идеја очигледно му се допаднала на нејзиниот сопруг кој рекол „Ми се допаѓа овој доктор“.
Но, ако ги прашате докторите по официјална медицина, тоа што Кортни му го препорача на ајурведскиот лекар не е од помош.
View this post on Instagram
„За 30 години колку работам како лекар за плоднос и гинекологија, во ниту една официјална студија не прочитав дека пиењето сперма може да ги зголеми шансите за бременост“, рече д-р Џејмс Хопкисон, директор на TFP Fertility Group.
Тој објаснува дека поради тоа што репродуктивниот систем е одвоен од дигестивниот систем, дали жената ќе голта или ќе ја исплука спермата нема влијание врз зачнувањето.
Иако ајурведската медицина се заснова на пристап до целото тело, вклучително и исхрана, ментална благосостојба, никаде во официјалната литература не се споменува голтање сперма.
Од друга страна, сето ова не значи дека на плодноста не влијае она што го јадете или пиете.
„Користењето суплименти пред зачнувањето е многу важно“, вели д-р Хопкисон.
„Сите жени треба да земаат фолна киселина и витамин Д за да го намалат ризикот од спина бифида и рахитис“, објасни тој.
Што се однесува до плодноста кај мажите, тој истакна дека може да помогнат промените во животните навики како што се откажување од пушење, губење на вишокот килограми, ослободување од алкохол и кафе.
„Земењето додатоци како витамин Ц, цинк, селен и Л-карнитин може да помогне. Неодамнешното истражување покажа дека има бенефит од користењето на коензимот Q10, кој ја подобрува функцијата на спрематозоидите“.
Извор: Курир.рс
Фото: Инстаграм