Победникот на годинашната Евровизија, „Калуш оркестар“ од Украина пехарот што го освоија како победници го продале на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три дрона за Вооружените сили на Украина.
– Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас кој донира средства за оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и отсега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава на Украина! Слава на вооружените сили на Украина – објавено е на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува Ukrinform.
View this post on Instagram
Групата победи на Евровизија во 2022 година со песната „Стефанија“.
Водачот на оваа група, Олег Псјук од евровизиската сцена, го повика светот да им помогне на бранителите на Мариупол и Азовстал.
Подоцна, Псјук вети дека ќе им помогне на украинските вооружени сили со продажба на трофејот што го освои групата, пренесува Ukrinform.