(Видео) Исчезна авион со четворица унгарски државјани кој полетал од Сплит – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/22 6:53 PM

(Видео) Исчезна авион со четворица унгарски државјани кој полетал од Сплит

Хрватската полиција денеска претпладне доби дојава од Управата за цивилна заштита дека од радарот на Хрватската служба за воздухопловна навигација во 11,25 часот исчезнал авион од типот „Цесна 182“ на поширокото подрачје на Слуњ.

Авионот летал од правец на Сплит кон Германија. Според хрватските медиуми во авионот имало четворица патници, унгарски државјани.


Веднаш по пријавата, во истрагата на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција, како и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.

Наводно хрватската контрола за летање добила повик за помош пред да идчезнат од радарот.

Лошите временски услови оневозможуваат летање на хеликоптери, кои инаку би се користеле во потрагата. Во моментот на исчезнувањето на „Цесна“, времето било уште полошо.

МИА

Фото: курир.рс