Светот остана вчудовиден од приказната за Тони и Лорна, двојка од Велика Британија која ја прими бегалката од Украина, Софија Каркадим, која им го раскина бракот за само неколку дена. Лорна сега остана сама поради убавата Украинка, а на јавноста реши да и ја претстави својата страна од приказната.
Лорна вели дека е скршена, бидејќи нејзиниот партнер по десет години брак решил да ја остави поради Софија, само десет дена откако таа се преселила во нивниот семеен дом.
Напуштената жена сега мисли дека Софија од почеток го демнела нејзиниот сопруг и на крајот го освоила.
„Не и беше грижа што ќе уништи. Целиот свет ми се преврте наопаку за само две недели“, рекла Лорна, пренесува Daily Mail.
Jilted mother Lorna Garnett heartbroken after partner ran off with the Ukrainian refugee they let live with them – https://t.co/Vgyjs1G66o pic.twitter.com/99iecXGt43
— TSB News (@TSBnewsnigeria) May 21, 2022
Таа вели дека не жали што решила да направи благородна работа и да му помогне на некого на кој му била потребна помош повеќе од потребна.
„Ја дадов покрив над главата и таа ми го врати“, рече Лорна.
Таа додава дека на Софија гледала исто како и нејзиното трето дете.
Но, како што одминуваа деновите, Софија се повеќе се зближуваше со Тони. Прво почнаа да тренираат заедно, па да возат наоколу и на крајот да се почувствува нивната блискост дома – сето тоа за само десет дена.
Поради тоа Лорна станала видно љубоморна, па ја прашала Софија зошто го следи сопругот.
Работите нагло се вжештија, а ситуацијата кулминираше со жестока кавга меѓу Софија и Лорна. Тогаш сопругата на Тони и рекла на Софија веднаш да ја напушти куќата.
“Тони тогаш рече дека ако таа замине, ќе си оди и тој. Тие ги спакуваа куферите и отидоа кај мајка му”, вели Лорна.
Од друга страна. Тони, чувар кој живее во Бредфорд, Западен Јоркшир, вели дека се заљубил во Софија и сака да го помине остатокот од својот живот со неа.
Not the Onion:
British man leaves partner for Ukrainian refugee just 10 days after they welcomed her into their home
“Sofiia, 22, admitted: “As soon as I saw him I fancied him”https://t.co/pb3GrDMfRn pic.twitter.com/96GPOT28go
— StarBoy 🥭 (@StarboyHK) May 22, 2022
Софија, која побегна од Лавов во западна Украина, рекла дека ѝ се допаднал Тони штом го видела и дека тие двајца сега ја живеат својата љубовна приказна, пренесува Дејли Мејл.
Тони откри дека со Софија има врска каква што немал досега, додавајќи дека знае дека постапил правилно.
Тој за домашните медиуми изјави и дека сака да ја направи вистинската работа и дека Софија е првата која стапила во контакт со него на Фејсбук, каде што понудил сместување.
Инаку, Софија работи како ИТ менаџер. Таа отпатува за Манчестер на 4 мај, откако со недели чекаше во Берлин за да добие виза за Велика Британија. Тони изјави дека тој и Софија брзо развиле врска и дека тоа им се допаѓа и на неговите ќерки.
Тони зборува словачки, па го искористил за да се договори со Софија, но тоа не и се допаднало на неговата сопруга и се чувствувала изоставено.
„Одлично се сложувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе, иако гледам дека Лорна почна да се чувствува љубоморна и лута на неа“, изјави Тони.
А потоа, како што вели, страстите целосно се разгореле.
„Дома сфатив дека наоѓаме изговори за допирање, тоа беше како флертување, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза“, изјави Тони.
Тврди дека во врска стапиле дури кога се вселиле во куќата на неговата мајка, од која планираат да се преселат во заедничкиот дом што почнале да го бараат.
извор: Nova.rs/Dailymail.co.uk
фото: www.dimsumdaily.hk/