Според некои странски медиуми, Русија наводно досега изгубила речиси 30.000 војници во инвазијата на нејзиниот западен сосед, а бидејќи Путин никогаш не објавил воена состојба туку „специјална воена акција“, неговите раце се малку врзани за испраќање нови сили во Украина. Односно, барем на хартија, вработените во армијата може да одбијат да одат во Украина, додека резервистите не треба ни да го гледаат бојното поле. Но, едното е на хартија, а другото е во реалноста.
Затоа што дури и млади луѓе, речиси неподготвени и без никаква опрема, гинат за Путин во Украина, пишува „Москва тајмс“. И со секој нов изгубен живот, има потреба од нов војник да го заземе неговото место. А новата тактика на Путин и Кремљ, пишува „Москва тајмс“, е да привлечат луѓе во војска со, според руски стандарди, екстремно високи плати.
Во градот Тула, јужно од Москва, на заинтересираните сега им се нудат 8.700 долари за тримесечна војна во Украина. Според достапните податоци, таа е четири пати поголема од просечната плата во овој град. Но, Тула не нуди најмногу, во делови од Чеченија така ги мамат младите луѓе со месечна плата од 5.200 долари.
Според „Вашингтон пост“, пред да започне инвазијата на Украина, професионалните војници во Русија пред војната потпишале тригодишни договори, според кои месечно би заработувале околу 1.000 долари. Сега, кога интересот за армијата паѓа, кога моралот меѓу војниците во Украина е низок, руската влада очигледно се надева дека има доволно такви кои се подготвени да умрат за „грст долари“ …
„Најголемиот проблем на Русија е што тие не можат адекватно да ја ротираат армијата на теренот. Тие не можат ниту доволно брзо да ги покријат сите загуби, а тоа ги спречува од успешна инвазија“, изјави неодамна воениот аналитичар Мајкл Кофман, пишува Newsskvik.
извор: Mondo.rs/Newsskvik/themoscowtimes.com
фото: Russia’s Defense Ministry