Што сѐ укажува дека немате доволно железо во крвта? – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/22 8:00 AM

Што сѐ укажува дека немате доволно железо во крвта?

Железото во крвта го врзува кислородот и така настанува хемоглобинот. Овие десет знаци укажуваат на тоа дека на вашето тело му недостига железо.

Умор

Организмот го користи железото за да го произведе хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и носи кислород. Недостатокот на кислород во крвта доведува до чувство на постојан замор.

Слаба концентрација

Доколку концентрацијата ви е екстремно слаба и ви е тешко да функционирате со бројните обврски, причината можеби е недостатокот на железо.

Апатија

Апатијата кон сè може да биде предизвикана од недостаток на железо во телото. Доколку забележите дека вашето расположение е променето и дека не ги правите вообичаените активности, проверете ја вашата крвна слика.

Скратен здив

Ако ви снемува воздух брзо и нагло додека пешачите, вежбате или извршувате домашни работи, причината може да е недостаток на ова железо. Станува збор за кислород кој му е потребен на вашето тело, но не го добива доволно.

Бледа кожа

Бледата и проѕирна кожа може да биде показател за недостаток на железо. Бледата кожа е предизвикана од лошата циркулација на крвта и намалената боја на црвените крвни зрнца.

Намалена енергија и кондиција

Ако сте личност која редовно вежба и ако ви недостига железо, ќе забележите дека вашите вообичаени вежби стануваат премногу напорни. Недостигот на железо ја намалува физичката способност и издржливоста на организмот.

Мускулна болка

Ако чувствувате силна болка во мускулите секој пат после тренинг или одење, а не сте направиле ништо што вообичаено не го правите, тогаш вашето тело ви кажува дека му недостасува железо. Оваа состојба го забавува обновувањето на мускулите.

Кршливи нокти

Доколку ноктите веќе не ви се цврсти и сте забележале дека станале кршливи и потонати, постои можност да имате недостаток на железо.

Чести настинки

Доколку поголемиот дел од зимата сте ја поминале со настинки и воспаленија, а особено ако постојано страдате од респираторни заболувања, причината може да биде ниското ниво на железо во организмот.

Промена во бојата на урината

Доколку забележите значителна промена во бојата на урината при мокрењето, време е да посетите лекар. Поради недостаток на железо, ќе урината може да стане розова или црвена.

 

Извор: alo.rs