Екипи на скопската зоолошка градина, полицијата и инспектор на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчеравечер спасиле коњче, оставено без храна и вода, а врзана на тераса од стан во напуштен објект во Дебар Маало.
Случајот го пријавиле граѓани во полиција, по што доцна вечерта коњот бил пренесен и згрижен во Скопје ЗОО, од каде што информираа дека веднаш му обезбедиле ветеринарна грижа и соодветна нега.
Од Зоолошката апелираа да не се измачуваат животните и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите.