Ако ви се јаде сладолед веќе не морате да одите до продавница, доволни ви се три состојки и дома може да го направите највкусниот сладолед со боровници. Овошјето можете да го комбинирате по вкус, резултатот секако ќе биде одличен. Овој сладолед се прави за помалку од пет минути, а ќе обожуваат и децата и постарите
Состојки:
500 мл слатка павлака
200 г кондензирано млеко
100 гр боровинки
Изматете ја слатката павлака, па додадете го кондензираното млеко и продолжете со матење.
Калапот со димензии 24х10см обложете го со проѕирна фолија и истурете 2/3 од смесата. Ставете го во фрижидер.
Изгмечете ги боровинките со вилушка или изблендирајте ги, па додадете ги во преостанатата смеса (1/3).
Промешајте и прелијте со белиот фил. Ставете во замрзнувач 2 часа.
Фото: srbijadanas.com