Светот може да здивне! Во фустан како од порно филм – Се омажи Кардашијан по трет пат за ист маж – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/22 9:00 PM

Светот може да здивне! Во фустан како од порно филм – Се омажи Кардашијан по трет пат за ист маж

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во неделата вечерта по трет пат разменија свадбени завети на романтична церемонија во италијанското одморалиште Портофино.
Откако најстарата сестра Кардашијан во саботата го шокираше светот со малку темно, бизарно издание за гала вечерата пред свадбата, сега направи далеку поубав и поелегантен избор.
Кортни до олтарот ја придружувала нејзината мајка Крис Џенер, а на церемонијата пристигнала со песна, односно католичка молитва „Аве Марија“.

Фото: Kurir.rs

Тревис ја пречекал во класичен, црн костум со панталони со кратки ногавици и елегантни црни чевли, додека ријалити ѕвездата избрала романтична, но во исто време и драматична креација,  ултра кратка бела венчаница на Долче и Габана од комбинација на тантела и сатен, која всушност беше во форма на корсет кој ја истакнуваше и затегнуваше фигурата на Кортни.
Она што беше најизразено е неверојатно долгиот превез на кој беше извезена фигурата на Богородица, како и цветните мотиви.

Фото: Kurir.rs

Кортни го комплетираше изданието со проѕирни ракавици, бели салонки и дискретни, дијамантски обетки, а носеше бидермаер од црвени и бели рози.

Извор: Курир.рс