(Видео) „Од еден пекол во друг“ – Се предадоа борците од Азовстал – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/22 2:02 PM

(Видео) „Од еден пекол во друг“ – Се предадоа борците од Азовстал

Украинските борци во фабриката за челик Азовстал во Мариупол со недели се борат против рускиот напредок.

Бомбардирањата беа речиси секојдневни, а евакуациите на цивилите беа повремени.

Русија дури во петокот потврди дека последните борци од Азовстал се во нивни раце и дека челичарницата е под руска контрола. Украина не го потврди ова тврдење.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како паднатите борци излегуваат од фабриката за челик, еден ден откако украинскиот командант испрати порака со која им наредува на борците да си ги спасат животите.

Нова.рс пренесува дека овие евакуирани сега се руски затвореници во самопрогласената Народна Република Доњецк, а некои од нивните семејства сега полека добиваат вести за нив.
„Мојот сопруг ми пиша пред два дена. Ситуацијата е навистина тешка и страшна“, вели Наталија Заричка, чиј сопруг бил во Азовстал.

„Мојот сопруг е на пат од еден пекол во друг“, рече таа.

Мариупол е украински град кој е под опсада речиси три месеци, а поголемиот дел од тој јужен пристанишен град е под руска окупација од средината на април. Украинските борци оттогаш се кријат во фабриката за челик.

Фото: Принтскрин Јутјуб