Како изгледа Ким Кардашијан кога ќе ги тргне шминката и екстензиите? – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/22 9:00 PM

Како изгледа Ким Кардашијан кога ќе ги тргне шминката и екстензиите?

Сестрите Кардашијан на сите ни наметнаа тренд за убавина, кој ретко која жена може да го испочитува до крај.

Но, сепак испадна дека тоа било илузија. Не е лесно да се биде Ким Кардашијан. За да изгледа онака како што ја знаеме од фотографиите, таа мора секое утро да станува во пет. Прво вежба околу еден час, а потоа доаѓа на ред нејзината „гламурозност“ за која е задолжен тим од шминкери, стилисти и фризери. Ким седи на столот околу два часа додека тие ја „монтираат“, А пред тоа, изгледа обично!

Неодамна во своето реално шоу таа го покажа пред публиката своето вистинско лице без шминка.

„Штотуку се разбудив и деновите кога тој ги носи децата на училишта ми се олеснети бидејќи тој ќе ја заврши работата околу децата“, истакнува таа.

И додека Ким и Кање малку се сакаат, малку не, малку комуницираат за децата, а малку повеќе преку медиумите, сето тоа веројатно е во прилог на нивната популарност. Сега Ким одлучи да ја тргне „маската“ од лицето и на своите фанови да им го покаже природниот изглед. Социјалните мрежи „експлодираа“  по низата коментари од корисниците. Едни беа шокирани, други позитивно изненадени од нејзината храброст, но никој не остана рамнодушен.

„Не би ја забележал да помине покрај мене ваква“, „лесно ѝ е кога има толку пари да се намонтира, но џабе, без шминка не личи на ништо – гласат дел од коментарите“ .

Сепак имаше и такви кои на сосема спротивен начин беа изненадени од нејзиниот изглед без шминка.

„Па таа всушност е убава и без шминка“, „вака е и поубава, кога ќе ја стави онаа шминка изгледа пренападно“, „баш е слатка вака, делува симптично“, пишуваа другите корисници.

А како на вас ви се чини Ким без шминка?

 

Извор: stil.kurir.rs