Сопругата на премиерот Ковачевски била Бугарка?! – До редакцијата на „Труд“ стигнале документи за нејзиното потекло – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/22 11:40 AM

Сопругата на премиерот Ковачевски била Бугарка?! – До редакцијата на „Труд“ стигнале документи за нејзиното потекло

Во редакцискиот мејл на бугарскиот весник „Труд“ пристигнала копија од документ според кој Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски, е Бугарка. Консултациите со луѓе кои детално го знаат процесот на стекнување бугарско државјанство, покажал дека документот ги содржи сите потребни атрибути за да биде вистинито, пишува „Труд. Според неговата содржина, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари, родени во општина Босилеград, денешна Република Србија.

Весникот пишува за босилеградскиот регион кој бил откорнат од Бугарија и окупиран од Србија, односно дека во Југославија Бугарите биле асимилирани и преселени во денешна Северна Македонија.

„По 1945 г. населбите Босилеград и Цариброд се официјално признати како бугарски, и во 1953 година броеле 60.146 луѓе вкупно. Денеска бројот на западните Бугари е намален на околу 15.000. души, а разликата од 45 илјади е резултат на нивната асимилација и нивното преселување во други делови на поранешна Југославија, особено во денешна Северна Македонија“, пишува „Труд“.

Бугарите тврдат дека премиерот Димитар Ковачевски инсистирал сите граѓани, вклучително и Бугарите, да имаат еднакви права и можности за професионален развој и бил подготвен да разговара на таа тема.

„Тврдењето дека Бугарите во Северна Македонија се мала заедница е политичка мантра која постојано ја повторуваат скопските власти и нивните поддржувачи. Ова е главната причина зошто само на 3504 лица им беше дозволено да бидат регистрирани како Бугари за време на пописот во 2021 година. Но, покрај нив, според официјално пријавените податоци, ги има околу 20 илјади души кои се изјасниле дека се бугарски државјани, а други 120 илјади се „преброени“ официјално, т.е. не ги посетил попишувач и никој не ги прашал која е нивната етничка припадност“, се вели во текстот.

Една студија на Богослав Јанев, објавена во 2006 година, покажувала дека бројот на Бугарите од регионот на Босилеград кои се преселиле во денешна Северна Македонија, заедно со нивните потомци, е околу 30.000. души. Тие се концентрирани во Скопје, како и во Куманово, од каде што се Богослав Јанев, авторот на студијата и Елена Ковачевска, сопругата на премиерот.

„Нашата студија меѓу заедницата на Босилеградските Бугари кои живеат во Куманово ја потврди вистинитоста на содржината во потврдата за бугарско потекло на сопругата на премиерот Димитар Ковачевски“, пишуваат новинарите на „Труд“.

„И откако самата Елена Ковачевска изјави дека се чувствува Бугарка,  овој факт очигледно се држи во тајност од јавноста, што останува за обичните граѓани на Северна Македонија! Време е политичките фактори во Скопје конечно да најдат граѓанска храброст и да сфатат дека бугарската припадност и самосвест не е кривично дело, туку основно човеково право, чие прогонство е злобна практика наследена од времето на Југославија. Постоењето на бугарска заедница во минатото и денес мора да престане да ги дели Софија и Скопје и да ја игра улогата на мост за нивната соработка на нивниот заеднички пат кон обединета Европа“, е ставот на редакцијата “Труд“.

извор: trud.bg

фото: МИА