Љубителите на евровизиските и шпанските мелодии секако се сеќаваат на групата Азукар Морено, која ја сочинуваа сестрите Тоњa и Енкарна Салазар.
Овие пејачки се прославија со песната „Бандидо“ која се уште е голем светски хит.
Се верува дека убавите сестри биле меѓу првите уметничци во Шпанија кои го комбинирале своето ромско наследство и традиционалниот начин на пеење „кантаора“ со урбаните танцови ритми.
Со песната „Бандидо“ сестрите Салазар ја претставуваа Шпанија на Евровизија, што се одржа во 1990 година во поранешна Југославија, поточно во Загреб.
View this post on Instagram
Во салата Лисински имаа пех, а настапот остана запаметен по техничкиот проблем, благодарение на кој по втор пат излегоа на сцената за да ја изведат песната како што треба.
Антонија пред неколку години објави дека дуото се повлекува од музичката сцена на неодредено време, бидејќи на нејзината сестра и бил дијагностициран рак на дојка.
За среќа, Енкарна целосно се опорави, но тие тогаш рекоа и дека немаат намера да брзаат да ја обноват кариерата поради различните мислења.
Меѓутоа, во октомври 2013 година повторно се собраа во една ТВ емисија, како дует, но и како сестри.
Сестрите Салазар отсекогаш биле мета на многу озборувања, како поради нивните лични кавги, така и поради феминистичкиот активизам.
Двете имаат и најмногу обожаватели меѓу геј заедницата во Шпанија.
View this post on Instagram
Шпанките продадоа повеќе од три милиони албуми и синглови во Шпанија од 1984 година, а во 1990-тите станаа познати во остатокот од Европа, Латинска Америка и САД, со продадени 12 милиони албуми.
И денес настапуваат во Шпанија и полни концертни сали.