Најдобрите плажи во Турција кои туристите се уште не ги окупирале – по избор на Турција – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/22 6:00 PM

Најдобрите плажи во Турција кои туристите се уште не ги окупирале – по избор на Турција

Арзу Тораман, која работи како туристички водич во Турција, даде свои препораки за најубавите плажи кои туристите се уште целосно не ги „окупирале“.

Бодрум Јалкавак – приватни плажи
„Приватна плажа Бодрум Јаликавак. Убави кафулиња на плажа со ВИП салони и чадори за сонце, но во добар стил и со кристално сина вода“, препорачува Арзу.

Орен и Мази – семејни и достапни
За оние кои претпочитаат помирни плажи за одмор со деца, плажите Орен и Мази во Бодрум се исто така опуштени, а блиското сместување и рестораните за „стил на семеен одмор“ не се премногу скапи.

Карабурун и брегот на Фоча
„Карабурун и брегот на Фоча се за оние кои го сакаат ветрот и Егејското Море, а не се далеку од Измир“, препорачува Арзу.

Крстарење од марината Гочек
„Гочек марина и јахти гулет за еднодневно патување или 2-3 дена крстарење. Сите со сини знамиња“, вели Арзу. Гочек е природна марина во Турција, со песочни плажи и стотици фасцинантни острови во Егејското Море во близина. Гулет чамците се традиционални турски удобни дрвени чамци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turkey & Hotels (@turkeyandhotels)

Фетије
„Фетхие, особено заливот Џемиле и островот“, вели Арзу. Фетије е пристанишен град и област на југозападниот тиркизен брег на Турција. Познат е по природното пристаниште, сините води и многубројните карпести гробници, уште од 4 век п.н.е.

Анталија Кас и Калкан
„Анталија Кас и Калкан, од аеродромот Даламан е лесно да се стигне таму и таму е најубавото сино длабоко и карпесто море, а во исто време многу елегантни плажи“, објаснува Арзу.

извор: Nova.rs

фото: www.boutiquesmallhotels.com/