Ќе олабави ли кризата? – Почнуваат преговори за деблокирање на украинското жито – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/22 9:20 AM

Ќе олабави ли кризата? – Почнуваат преговори за деблокирање на украинското жито

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се очекува во денеска да соопшти за разговорите  со Русија, Украина, Турција, САД и ЕУ за обновување на испораката на жито во Украина и заживување на извозот на ѓубрива. Значителни количини остануваат заглавени во украинските пристаништа на Црното Море. Украина е принудена да го извезува своето жито со воз преку својата западна граница или преку нејзините мали пристаништа на Дунав.

По посетата на Москва и Киев кон крајот на минатиот месец, Гутереш вети дека ќе помогне во зголемувањето на количините земјоделските производи од Украина на светските пазари и производството на храна и ѓубрива во Русија и Белорусија и покрај војната.

Војната во Украина влегува во нова фаза, затоа што на крајот на 12-та недела Русите целосно го окупираат Мариупол, Украинците постојано добиваат територии на исток и север, а Шведска со Финска и формално бараат прием НАТО.

 

Агенции