Српската православна црква (СПЦ) на својот официјален сајт најави дека в четврток на 19 мај во Соборниот храм Св.Сава во Белград, патријархот на СПЦ г.г. Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургијско и канонско општење на двете сетрински цркви”, јави дописникот на МИА од Белград.
На сајтот на СПЦ, под цитатот од Псалм 133 –„Како е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно” се соопштува на сајтот на СПЦ.
– Со благодарност кон Господа и со радост ја известуваме сета полнота на Светата Црква дека Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.Стефан, заедно со сослужување на сите архиереи на СПЦ и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во четврток, на 19 мај 2022 година, ќе служат света архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Сава во Белград, со која ќе се воспостави литургиска и канонско општење на двете сестрински цркви, во рамки на одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, пишува на сајтот на СПЦ.
МИА