Уапсен генералниоот сметководител на Нигерија, проневерил 200 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/22 12:28 PM

Уапсен генералниоот сметководител на Нигерија, проневерил 200 милиони долари

Комисијата за економски и финансиски криминал во Нигерија соопшти за апсење на генералниот сметководител, Ахмед Идрис, поради сомнение за проневерување на речиси 200 милиони долари јавни фондови.

Идрис преку членови на семејството и блиски лица инвестирал во недвижен имот во Нигерија, според податоците од Комисијата.

Нигерија со години се бори со корупција. Но, медиуми наведуваат дека успешно се гонети политичари, полицајци, како и државни службеници.

МИА

фото: dailypost.ng/