Италијанската полиција потврди дека проруски хакери го нападнале гласањето на Евровизија – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/22 9:22 AM

Италијанската полиција потврди дека проруски хакери го нападнале гласањето на Евровизија

Проруски хакери се обиделе да влијаат на гласањето за Евровизија, соопшти италијанската полиција, а пренесува Би-би-си. Украина победи на натпреварот благодарение на огромниот број освоени гласови од публиката, додека Русија поради инвазијата беше дисквалификувана од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, потсетува Би-би-си .

Италијанската полиција соопшти дека хакерската група Killnet го таргетирала првото полуфинале – во кое се натпреварувала Украина, како и големото финале во саботата.

Оддел за сајбер безбедност на полицијата на Италија ги блокирал нападите.

„Различни компјутерски напади од DDOS карактер, насочени кон мрежната инфраструктура за време на гласањето и додека одвиваа настапите на учесниците, се ублажени“, се вели во полициското соопштение.