Памтењето е ментална активност со која се присетуваме на информациите кои веќе сме ги искусиле или научиле во минатото. Тоа е сложен систем кој се базира на многу процеси во мозокот и е клучен дел од нашиот живот. Затоа е многу важно здравјето на нашиот мозок, но и работата на тоа да го подобриме памтењето. Во тоа може да ни помогнат некоку едноставни техники и навики.
Внимателно бирајте ја храната
Храната богата со незаситени масни киселини, со витамините Ц, А, Е и Д, како и со минерали и влакна, би требало да биде дел од секојдневното мени. Во вашата исхрана почесто воведувајте намирници како што се рибата, кромидот, темниот зеленчук и црвеното овошје. Препорачливо е да се избегнува претеран внес на храна со висок процес на рафиниран шеќер и да се намали внесот на алкохол.
Користете омега-3 додатоци
Омега-3 масните киселини се важни за когнитивните функции и за подобрување на памтењето. Се покажало дека конзумацијата на соодветна количина омега-3 придонесува за подобро когнитивно здравје, но и за зголемување на протокот на крв во мозокот.
Бидете активни и вежбајте
Вежбањето е лек за телото и мозокот. Студиите покажале дека физичката активност ги зголемува белата и сивата маса во мозокот. Сивата маса е одговорна за повеќето процеси кои се одвиваат во мозокот, додека белата е повеќе вклучена во комуникацијата во мозокот и помеѓу мозокот и ‘рбетниот мозок, а сето тоа е важно за функцијата на меморијата. Физичката активност го зголемува нивото на кислород во мозокот и го намалува ризикот од болести кои може да доведат до губење на меморијата, дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Опуштање
Опуштањето со прошетка во природа ја подобрува функцијата на мозокот. Освен тоа, ја зголемува сивата маса во мозокот и придонесува за полесно учење.
Не заборавајте на сонот
Спиењето е клучно за одржување на доброто памтење. Кога спиеме, се зголемуваат нашата креативност и концентрација, што исто така поволно влијае и на меморијата. Препорачливо е да се придржувате до распоредот за спиење и секој ден да легнувате и станувате во исто време.
Извор: telegraf.rs