Разнесувач на пица од ДУИ стана заменик директор во Државна лотарија, вели Зијадин Села – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/22 3:53 PM

Разнесувач на пица од ДУИ стана заменик директор во Државна лотарија, вели Зијадин Села

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини ДУИ дека се обидува да ги поткупи независните медиуми, и финансира партиски портали со пари на граѓаните.

Села кажа и дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за заменик директор на државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата, објави Њуз33.тв.

Села рече:

-Вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој цело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пратениците на ДУИ, а денеска се заменици директори како во државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани во напад на опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдите и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот, и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата, рече Села за Њуз33.тв