Јадењето кикирики е благопријатно за срцето и телесната маса – ММС
ММС

Објавено на: 05/15/22 7:00 PM

Јадењето кикирики е благопријатно за срцето и телесната маса

Бројни се причините зошто треба да се јадат кикирики и производи од нив – путер, масло и друго, но сега и науката потврди дека тие го продолжуваат животот…

Кикириките се богати со здрави масти, протеини, растителни влакна, а содржат и повеќе од 25 есенцијални хранливи материи – витамин Б, аминокиселини, магнезиум, фосфор, калиум. Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија помагаат за поздраво срце и многу други придобивки за човечкото тело, пишува „Ит дис“. Грст кикирики содржи околу седум грама висококвалитетни растителни протеини, а богати се и со влакна, антиоксиданси и корисни фитонутриенти. Науката покажа дека печењето кикирики го зголемува нивото нутриенти, што ги прави овие јаткасти плодови уште поздрави.

Мастите од кикирики се првенствено мононезаситени и полинезаситени, а познато е дека и тие, и тие помагаат во намалувањето на опасноста од срцеви заболувања.

Кикириките лесно заситуваат, па помагаат и во контролата на телесната тежина. Истражувањата покажуваат и дека протеините помагаат и во регулирањето на хормоните на гладот, а влакната – на чувството на ситост. Ова е веројатно причината зошто оние кои често јадат кикиритки и други јаткасти плодови имаат помала веројатност да имаат прекумерна тежина.

Трудот објавен во американското медицински списание „ЈАМА“ посочува дека кикириките воопшто придонесуваат за подолг и поздрав живот. Оние кои уживаат во јаткасти плодови, воопшто, се вели, имаат значително помала веројатност порано да умрат од која било причина.

И неколку други поголеми испитувања со по неколку илјади учесници, исто така, водат кон заклучок дека кикириките, како дел од здравата исхрана, можат да го продолжат животот на човекот.