Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека регистрирала 348 случаи на хепатитис од непознато потекло и ја поддржува хипотезата дека аденовирусот е причина за оваа мистериозна болест, која главно ги погодува децата и е поврзана и со ковид. Според СЗО, овие случаи на хепатитис со необјасниво потекло се идентификувани во 20 држави. Во други 13 држави пак, има 70 сомнителни случаи, но резултатите од тестовите се уште се чекаат. Само шест земји имаат повеќе од пет случаи, додека во Велика Британија се пријавени 160 пациенти.
Филип Истербурк од програмата на СЗО за сузбивање на хепатитисот, изјави на прес конференција дека е остварен значаен напред во истражувањата.
Во моментов, главните хипотези за тоа што ја предизвикува оваа болест вклучуваат аденовирус, земајќи ја предвид важната улога на ковид. Аденовирусите обично се шират преку заразените површини. Познато е дека предизвикуваат респираторни симптоми, конјунктивитис и дигестивни проблеми.
Тестовите покажаа дека околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од неодредено потекло биле позитивни на ковид 19.
Истербрук рече дека следната недела фокусот ќе биде ставен на серолошки тестови за да се утврди дали пациентите биле претходно заразени со коронавирус.
Извор: b92.net