Владимир Путин е поопасен од Адолф Хитлер или Јосиф Сталин, предупреди полскиот премиер, повикувајќи на искоренување на „монструозната идеологија“ на рускиот лидер.
Матеуш Моравјецки за Телеграф изјави дека арсеналот на оружје на Путин е „поубиствен“ од оној на Хитлер и Сталин.
-Монструозната идеологија на режимот на Путин претставува смртоносна закана за Европа и мора целосно да се искорени, рече Моравјецки.
Изјавите доаѓаат откако Аврил Хејнс, директорка на Националната разузнавачка служба на САД, пред сенатската комисија изјави дека Путин може целосно да ја мобилизира својата земја или да воведе вонредна состојба доколку почувствува дека воената ситуација се врти против него.
Шефицата на американското разузнавање додаде дека има индикации дека Путин сака да создаде копнен мост меѓу Москва и прорускиот отцепени регион Придњестровје во Молдавија.
МИА
Фото: wikimedia.org