Заврши првата полуфинална вечерт на Изборот за песна на Евровизија, која се одржува во Торино, Италија.
Одбрани се првите 10 земји, кои се пласираа во финалето, што ќе се одржи во сабота вечер. Земји кои вечерва се пласираа во финале се Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Седум држави отпаднаа од финале, а тоа се Хрватска, Словенија, Албанија, Данска, Австрија, Бугарија и Летонија.
Кој како гласал вечерва ќе се знае дури по завршување на Евросонг, но се знае дека соодност меѓу жирито и телеволтингот е 50:50. Со огледн на реакцијата на публиката и обложувалниците не е тешко да се претпостави дека вечерва најмногу гласови имала Украина, чии претставници на крајот се заблагодарија на поддршката на нивната држава.
Во четврток ќе се одржи втората полуфинална вечер, кога ќе настапи нашата претставничка Андреа.
Освен Македонија во втората полуфинална вечер ќе настапат Финска, Србија, Азернеџан, Изрел, Грузија, Млта, Сан Марино, Австралија, Кипар, ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.
Македонија настапува 11 по ред.
Погледнете како изгледаше вечерашново шоу:
Фото: eurovision.tv