Легендарниот Жунињо Пернамбукано реши да го избрка од Лион дефанзивецот Марсело, но дури сега Франција брмчи за необичната причина за тој потег.
Но, сега француските медиуми откриваат дека Лион го избркал нивниот играч Марсел од клубот откако тој прдел во соблекувалната и се смеел на тоа!
Како што наведува францускиот весник „Л‘Екип“, центар на скандалот бил Бразилецот Марсело, 34-годишниот стопер кој од 2017 до 2021 година го носеше дресот на Лион.
Минатата година тој беше префрлен во друга екипа, но договорот му беше раскинат на почетокот на оваа година. Но досега немавме информации кои се причините за ваквата пауза со клубот за кој одигра 177 натпревари.
„Л’Екип“ пишува дека Марсело постојано силно испуштал гасови во соблекувалната и постојано се смеел поради тоа, како и дека спортскиот директор Жунињо Пернамбукано не можел да издржи повеќе таква некултура.
Се наведува и дека Жунињо претходно не го сакал и дека ова го искористил како можност да го потсети Марсел на лошите игри на теренот. Тој беше префрлен во другиот тим по многу лоша игра во поразот на Лион од Анжер, а потоа му беше раскинат договорот.
извор: Mondo.rs
фото: www.espldaily.com/