„Ако до лето не добиеме кандидатски статус, значи Европа се обидува да не измами“, смета украинскиот министер Кулеба – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/22 12:05 PM

„Ако до лето не добиеме кандидатски статус, значи Европа се обидува да не измами“, смета украинскиот министер Кулеба

Украина летово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската унија, а одбивањето ќе го смета за измама од Европа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Фајненшл тајмс.

„Доколку не добиеме кандидатски статус, тоа значи само едно – дека Европа се обидува да не измами. И ние тоа нема да го проголтаме“, рече Кулеба.

Тој нагласи дека Украина во моментов е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова Европската унија.

„Мислам дека тоа треба да се почитува“, истакна Кулеба.

МИА