Роналдо и Георгина Родригез одлучија девојчето да го крстат Бела Есмералда.
Наследничката на Кристијано се роди на 18 април, а Георгина го откри името на социјалните мрежи објавувајќи серија трогателни фотографии од бебе кое спие.
Бела Есмералда е петто дете на Роналдо, бидејќи славниот ас претходно од сурогат мајка го доби синот Кристијано Роналдо Јуниор и близнаците Ева Марија дос Сантос и Матео, исто така од сурогат мајка.
View this post on Instagram
Сега уште една ќерка му донесе радост на семејството на Кристијано Роналдо, како што тој самиот објави на Инстаграм, откако доживеа тешки моменти поради загубата на синот.
Во Македонија се памети името Есмералда најмногу поради познатата шпанска серија која се емитуваше во 90-тите, а истоимената хероина ја глумеше Летиција Калдерон и беше слепа.
View this post on Instagram