Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј ги предводеа новинарите и снимателите на краткиот 25-минутен лет Петровец до армискиот полигон „Криволак” со тешкиот транспортен хеликоптер на британските сојузнички сили, „Чинок“ чија вредност во моментов изнесува 30 милиони долари.
Моќниот хеликоптер од американско потекло во кој се возеше екипата на ММС ќе биде дел од вежбата „Swift Response 22″, досега најголема во Македонија со учество на 4600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на НАТО: САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија, Грција и Северна Македонија.
„Boeing CH-47 Chinook” е тежок транспортен хеликоптер произведен во САД од „Боинг“ (Boeing Defense Space and Security). Овој хеликоптер почнал да се произведува во 1961 година и неговото производство не е прекинато.
Велика Британија лани нарача 14 нови хеликоптери од „Боинг“ во вредност од 1,4 милијарди фунти, но нивните испораки ќе почнат во 2026 година поради проблемите со буџетот кои ги имаше британската влада.
Небесниот ѕвер долг 30 метри и висок речиси шест метри го придвижуваат два турбо млазни мотори кои се „грижат“ да достигне максимална брзина од 315 км/ч, односно крстаречка брзина од 296 км/ч. Посадата ја сочинуваат пилот, копилот и летач инженер или специјалист за товар, а авионот има долет од 740 километри и може да лета на максимална висина од 6.100 метри.
Намена: Тежок транспортен хеликоптер
Земја на потекло: САД
Производител (Boeing Defense Space and Security)
Погонска група: два турбо млазни мотори (2x Lycoming T55-GA-714A turboshaft engines)
Прв лет: 21 септември 1961
Должина: 30м,
Висина: 5,77m
Тежина на празен хеликоптер: 11148kg Максимална тежина при полетување: 22.680kg
Посада: 3 (пилот, копилот и летач-инженер или специјалист за товар)
Дијаметар на носечки ротор: 2х 18m
Максимална брзина: 315km/h
Долет: 740км Борбен долет: 570km
Крстаречка брзина: 296km/h
Плафон на лет: 6.100m
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска по брифингот на кој беа презентирани можностите и целта на учесниците на мултинационална вежба изјави оти за нив, како Министерство за одбрана и како Армија е голема чест да бидат домаќини на ваква вежба. Таа изрази убедување дека припадниците на нашата Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.
– Целта на оваа вежба има два аспекта. Тоа е подготвеноста на нашата македонска Армија за вакви комплексни вежби што ги изведуваме заедно со сојузниците, при што се покажува нејзината подготвеност, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамки на НАТО. Второ, што е исто така значајно за нашата држава – ги покажува капацитетите и способностите на тренинг центарот Криволак, потенцира Петровска, додавајќи оти Криволак е сериозен тренинг центар, на кој сите членки на Алијансата ќе ги користат нејзините поволности.
Министерката Петровска ги повика граѓаните на 8 мај – недела во периодот од 10 до 16 часот на спортскиот аеродром Стенковец на отворен ден, кога ќе бидат изложени сите воздухолови кои учествуваат во вежбата, а тоа се 45 најразлични воздухоплови, авиони и хелкоптери. Ќе бидат изложени воздухопловите на Армијата и МВР. На 12 мај ќе биде отворениот Ден за високи гости.
Информира дека за време на вежбата ќе видиме и 22 воени борбени авиони и транспортни воздухоплови, како и 23 хеликоптери на сојузничките сили, кои ќе ја покажат волјата и способноста да ги бранат своите челенки.
– Ќе се покаже колективната подготвеност и способност и трансатлантската врска што го направи НАТО најсилниот сојуз во модрената светска историја, изјави меѓу другото амбасадорката Галовеј.
Таа меѓу другото наведе дека 1.800 падобранци од борбениот тим на 16 – та воздушна јуришна бригада од Обединетото Кралство за да го покажат воениот професионализам.
Орце Костов