Минаа 36 години откако Том Круз ги стави своите пилотски очила, се качи на воениот авион и се вивна на топ-листите на Холивуд. Сега конечно доаѓа продолжението на веќе легендарниот „Топ ган”, со поднаслов „Маверик”.
– Бев малку мрзелив, понекогаш и сум таков, се пошегува Круз на светската премиера, која се одржа на приземјен американски носач на авиони во Сан Диего на 4 мај.
Во новиот филм, којшто во кината ширум светот ќе се појави на 25, 26. и 27 мај, Маверик (Том Круз) се враќа во елитната американска школа за борбено оружје „Топ ган” за да ја обучи најновата група самоуверени млади пилоти и пилотки. Меѓу нив е и Петел, синот на Гас, кој беше убиен во првиот дел од 1986 година.
– Чувство за романса, за авантура – сѐ тоа е свет во кој сакате да бидете. И, очигледно секогаш има што да се направи со авијацијата, рече Круз (59).
Во филмот се враќа и Вал Килмер, а меѓу новите лица се Ед Харис, Џенифер Конели, Мајлс Телер, Џон Хам, Жан Луиза Кели, Глен Пауел, Моника Барбаро и други.
МИА