Вистинска ризница на хранливи материи: Јагодите со низа придобивки за нашето здравје – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/22 12:12 AM

Вистинска ризница на хранливи материи: Јагодите со низа придобивки за нашето здравје

Сезоната на јагодите веќе почна и сите сакаат да се засладат со ова превкусно црвено овошје, кое има низа придобивки за нашите здравје. Всушност, јагодите се состојат од вода и малку јаглехидрати, а имаат и многу малку калории, па затоа тие се одличен избор за оние кои се борат со вишокот килограми. Јагодите изобилуваат со витамин Ц, тие се добри за зајакнување на имунолошкиот систем, а содржат и многу антиоксиданси кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали.

Јагодите изобилуваат со бројни хранливи супстанци и го заштитуваат здравјето, така што постојат бројни причини поради кои би требало да ги јадете.

Детоксикација

Јагодите се исклучително богати со витамин Ц, што помага не само во детоксикацијата, туку и во совладувањето на пролетниот умор. Една шолја од ова овошје содржи само 45 калории па слободно може да уживате во својата омилена намирница без да се плашите дека ќе се здебелите. Истата количина на јагоди содржи и 210 милиграми калиум, кој придонесува за подобро функционирање на нервниот систем.

Го подобруваат видот

Истражување кое опфатило повеќе од 110.000 мажи и жени покажани дека витамините А, Ц, Е, Б1, Б12, Б2, Б3, Б5 и Б6 со кои изобилуваат јагодите, играат клучна улога во зачувување на здравјето на очите. Меѓу испитаниците кои секојдневно конзумирале најмалку по сто грама од ова овошје се забележува најмал број на случаи на макуларна дегенерација. Покрај тоа, ова сочно овошје е богато со фитонутриенти кои спречуваат оштетување на клетките како последица на дејството на слободните радикали.

Им помагаат на луѓето со дијабетес тип 2

Јагодите содржат полифеноли, кои помагаат  во управувањето со некои од ефектите на дијабетес тип 2. Конкретно, тие поволно делуваат на шеќерот и крвниот притисок, но се смета дека се потребни повеќе истражувања за да се потврдат овие ефекти кај луѓето.

Добри се и за кожата

Витаминот Ц го поттикнува производството на колаген, кој е многу важен за еластичноста на кожата. Како што старееме, нивото на колаген опаѓа, па конзумацијата на намирниците со Ц витамин станува уште поважна ако сакаме нашата кожа да биде здрава.