До септември одобрување за вакцини против новите варијанти на коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/22 10:07 AM

До септември одобрување за вакцини против новите варијанти на коронавирусот

Европската агенција за лекови (ЕМА) планира до септември да одобри вакцини против новите варијанти на коронавирусот – најави Марко Кавалери, директор за стратегии за биолошки здравствени закани и вакцини при ЕМА.

Тој рече дека приоритет на Агенцијата е да се осигура дека овие вакцини би биле евентуално одобрени најдоцна до септември.

„На тој начин Европската унија би можела да биде спремна за воведување нови кампањи за имунизација наесен, а производителите би можеле да го прилагодат своето производство“, додаде тој, пренесува Анадолија.

ЕМА претходно ги одобри вакцините на Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Новавакс и Џонсон и Џонсон, но регулаторното тело мора повторно да направи проценка ако фармацевтските компании го менуваат производот за да биде ефикасен против новите соеви.

Според последните податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, повеќе од 72,6 проценти од населението во ЕУ е вакцинирано, а 51,6 проценти примиле бустер доза.

 

Извор: balkans.aljazeera.net

Фото: Архива