Голем дел од жените мака мачат со сувата или со масна коса.
Доколку спаѓате во оние дами кои имаат проблем со косата која често се масти, постојат едноставни начини на кои може да го решите ваквиот проблем.Ако почнете да ја миете косата секој ден, вашиот скалп ќе има потреба постојано да произведува себум, Така всушност ќе завршите во еден затворен круг и ќе треба косата да ја миете секојдневно за да не изгледа масно и гадно – објаснува Паул Персивал, основач на фризерската компанија Percy & Reed.
-Доколку имате чувство дека предлабоко сте влегле во рутината на шампонирање на косата, обидете се таа навика полека да ја сведете на минимум, затоа што така скалпот ќе се навика на промена – додава тој.
-Повремено користете и шампон за суво миење на косата. Нанесете го на коренот за да може да го апсорбира вишокот маснотија. Ако коренот ви е премногу чувстителен, тогаш шампонот за суво миење не нанесувајте го директно на него, туку испрскајте ја четката за коса со него и така исчешлајте се. Исто така, избегнувајте користење премногу различни видови производи, бидејќи тие ќе ја направат косата уште помасна. Избегнувајте производи кои користат силикони и сулфати – советува фризерот.
Тој открива уште еден трик:
„Откакако ќе ја измиете косата, измијте ја уште еднаш со студена вода. Тоа му помага на скалпот и го регулира протокот на крв“.
Независно од типот на коса и кожа, постојат трикови со кои може да го одложите миењето, а косата и понатаму да делува свежо и чисто.
-Најдобро е косата да ја миете со провриена, па изладена вода или со дестилирана вода. Имено, температурата на водата со која ја миете косата би требало да биде околу 38 степени. Наместо разните масла за хранење на скалпот, на косата нанесете спреј за расчешлување. Маслата ја прават косата потешка и повалкана. Доколку сакате да нанесете малку хранливо масло тоа нека биде на врвовите и нека не биде секој ден , објаснува експертот.
Тој додава и дека косата не треба пречесто да се чешла.
Пречестото четкање води кон зголемено лачење на себум и тоа прави косата да изгледа валкано, Што почесто користите чешел наместо четка, со некоја помалку ќе се поттикнуваат фоликулите да работат понапорно. Обидете се на косата да нанесувате што е можно поретко разни препарати за стилизирање, бидејќи тие побргу ја валкаат косата. Персивал вели дека претоплиот воздух од фенот или пак, пеглата за коса, исто така го сушатпа маснотиите ќе се лачат повеќе од скалпот за да се заштити кожата од топлината.
Затоа, не користете уреди за стилизирање на максимална температура, туку намалете ја.
Извор: ona.telegraf.rs