Летовите меѓу Скопје и Софија нема да запрат, рече Николај Сабев – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/22 6:45 PM

Летовите меѓу Скопје и Софија нема да запрат, рече Николај Сабев

Министерот за транспорт на Бугарија, Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до главниот град на Северна Македонија ќе остане и по 15 мај.

Со тоа, како што информира дописникот на МИА од Софија, Сабев, ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови меѓу Софија и Скопје.

Николај Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана. Во моментов, операторот на летот е пред промена, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт Сабев.