Џан Јаман е 32-годишен актер со косовски корени кој се прослави со улогите во популарните турски сапуници.
Речиси секој ден со фановите на социјалните мрежи споделува моменти од деловниот и приватниот живот, а најмногу лајкови добиваат објавите во кои е оскудно облечен на општо задоволство на понежниот пол.
Џан Јаман, познат од многумина како „турскиот Џејсон Момо“, е роден во Истанбул во 1989 година и има корени од Косово и Северна Македонија. Љубовта кон јазиците ја наследил од дедо му по мајка (дедо му зборувал шест јазици), а покрај турскиот зборувал и италијански, англиски и француски. Јазичната гимназија ја завршил како најдобар ученик со највисоки оценки од постоењето на таа образовна институција.
View this post on Instagram
Дел од средното образование го поминал во Америка, а по враќањето во Истанбул се запишал на правниот факултет и дипломирал во 2012 година. Веднаш почнал да работи во оваа професија, во “PricewaterhouseCoopers”, а пишувал написи за економската колумна во весникот “Dunya”. Во текот на годината, еден пријател го убедил да се пријави на аудиција за телевизиска серија и тој ја добил улогата. Првиот голем успех го постигна во серијата „Долунај“ во 2016 година. Турските медиуми пишуваа дека често се расправал и ја навредувал три години постарата актерка од серијата Селен Сојдер, поради што завршил на суд и морал да плати казна за повреда на честа.
View this post on Instagram
Последните неколку години живее во Италија. Тој го освои срцето на најпознатата спортска новинарка во светот Дилета Леота, но по неколку недели нивната врска се распадна. Зборувајќи за својата идеална сопруга, тој рече дека никогаш нема да му го привлечат вниманието оние кои се однесуваат како мажи или оние кои се премногу гласни, а не го привлекуваат ниту мистериозните жени. Го привлекуваат оние кои се среќни и дека енергијата што ја имаат му е многу важна, заедно со мирисот и бојата на гласот.
View this post on Instagram
Тој е голем љубител на патувањата и со задоволство истражува нови места и земји. Тој привлече големо внимание при посетите во Грција, Шпанија, Италија и Србија кога дојде да ги промовира своите проекти.
„За време на карантинот имав време да научам да свирам тапани, но и да совладувам танго. Мајка ми држи часови за танго, па ја замолив да ме научи. Дневната соба ја претворивме во танго игра и вежбавме по неколку часа секој ден. Немам девојка бидејќи немам доволно време некому целосно да му се посветам“, изјавил Јаман претходно.
Извор: курис.рс