Од Лондон до Сиднеј за 19 часа – „Квантас„ го подготвува најдолгиот непрекинат лет – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/22 8:43 AM

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа – „Квантас„ го подготвува најдолгиот непрекинат лет

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ објави дека ќе го започне најдолгиот непрекинат комерцијален лет до крајот на 2025 година – од Сиднеј до Лондон за 19 часа.

По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони Ербас А350-1000 за летови до далечните градови како дел од програмата „Проект изгрејсонце“.
Овие летови ќе започнат од Сиднеј до крајот на 2025 година, а подоцна би можеле да бидат продолжени и во Мелбурн, пишува агенцијата Франс прес.

„Сингапур ерлајнс“ моментално има најдолг комерцијален лет. Од тој град до Њујорк се стигнува за нешто помалку од 19 часа, што е растојание од околу 16,7 илјади километри. „Квантас“ веќе лета меѓу Перт и Лондон, што е околу 14,5 илјади километри и трае 17 часа.

„Како што би очекувале, се прави посебна работа за дизајнирање на патничката кабина за да биде што е можно поудобна за долг лет“, рече Џојс. Љантас објави дека новиот А350 ќе собере 238 патници, а првата класа ќе нуди посебен кревет, фотелја и гардероба.

Сите патници ќе имаат на располагање зона наменета за „движење, истегнување и хидратација“.

Дневник.ба

Фото: australianaviation.com.au