Совети злато вредни за љубов која издржала 79 години брак – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/22 8:26 AM

Совети злато вредни за љубов која издржала 79 години брак

Хулио Цезар Мора Тапија 9 и Валдрамина Макловиа Квинтерос Рејес влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстар пар во светот, со вкупно 214 години и 79 години брачен живот.

Нивната приказна е една од оние што служи како инспирација за холивудските филмови.

Валдрамина и Хулио работеле како професори и така се запознале, се заљубиле и решиле остатокот од животот да го поминат заедно. За жал, нивните родители не го одобриле тој план, но сепак ја следеле својата интуиција и решиле да се венчаат во тајност, само во присуство на најдобрите пријатели и кумови.
– Не беше лесно, бидејќи нашите родители немаа добри односи, но со време и трпение успеавме да ги споиме и станавме пример за помладите генерации – изјави парот во интервју за Гинисовата книга на рекорди.


– Љубовта и зрелоста што ги имавме како двојка од почетокот на бракот ни овозможија да се запознаеме и емотивно да растеме за да ја дефинираме нашата иднина – објаснила двојката која застанала пред олтарот во 1941 година.

Во заедничкиот живот Валдрамина и Хулио верувале во убави состаноци и заеднички планови, уживале во градинарството, одење во кино и вечера со семејството. Тие испратиле пет деца на факултет, а нивното големо семејство го сочинуваат 11 внуци, 21 правнук и 9 правнуци.

– Семејното единство под правилата на љубовта, меѓусебното почитување, чесната работа и правилното образование засновано на семејните вредности се клучот за заедничкиот живот – изјави парот во една прилика.

За жал, на сите љубовни приказни им доаѓа крајот, но затоа спомените траат вечно. Хулио починал во 2020 година, а Валдрамина сè уште живее во Еквадор, пренесува Eatthis.