Британски пратеник гледал порно за време на парламентарна седница – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/22 9:00 PM

Британски пратеник гледал порно за време на парламентарна седница

Конзервативен пратеник во Британскиот парламент гледал порнографски филмови за време на собраниските седници. Ова го потврди негова колешка, која го пријавила пратеникот. Во друг случај, конзервативните пратеници беа обвинети дека пројавиле сексистичко однесување кон нивните колешки, коментирајќи го нивниот изглед или покажале несоодветно сексуално однесување.

Наводите беа пренесени од група пратенички на партијата до раководството на парламентарната група на бурниот состанок на специјалната комисија, на кој присуствуваше и поранешната премиерка Тереза ​​Меј. Наводите ќе ги истражи шефот на пратеничката група Крис Хитон-Харис, кој, според сведоштвата од средбата, не очекувал да се соочи со толкав обем и тежина на поплаки.

Не е познат идентитетот на пратеникот, кој на овој начин го „почести“ мандатот, додека се создава забуна дали станува збор за висок функционер, можеби министер, како што првично беше кажано, или за обичен пратеник.

-Случајот се истражува, ваквото однесување е целосно неприфатливо и ќе има последици“, се вели во соопштението на Конзервативната партија.

Загриженоста е дека ваквата токсичната клима може да ги обесхрабри жените да влезат во политиката.