Во трејлерот за новата продукција на Дизни “Chip ‘n Dale: Rescue Rangers”, им оддаваат почит на достигнувањата на оваа куќа, која ги собира старите познаници од омилените цртани филмови најмногу внимание предизвика Петар Пан.
Петар Пан повеќе не е дете на слободниот дух што го паметиме. Неговиот лик во римејкот на “Chip ‘n Dale”, цртан филм од доцните 80-ти, е претставен како уморен, мрзлив средовечен маж. Гласот му го позајмува, Вил Арнет.
“Peter Pan grows up to be a creepy old man” is such a dated, limp ass joke, doing it official from Disney is just kinda sad https://t.co/o3CGxRvOK9
— hatok (Knife Ruster) (@HatokTalk) April 28, 2022
Ликот на Петар Пан предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Многумина пишуваат дека не очекувале дека вечното момче ќе изгледа вака.
„Петар Пан порасна во морничав старец. Ова е многу тажно“, „Ако ја знаете оригиналната приказна, ќе разберете зошто мислам дека ова е големо непочитување“, „Петар Пан требаше да остане момче засекогаш“, Која е поентата на ова?“ „Сиромашен“, се само дел од коментарите на Твитер.
A middle aged Peter Pan (voiced by Will Arnett) will be a villain in ‘CHIP ‘N DALE RESUCE RANGERS’.
“I was always more of an ‘Alvin and the Chipmunks person.” pic.twitter.com/m1CLWt7fYT
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) April 27, 2022
Петар Пан не е единствениот цртан лик што се појавил во најновиот филм на Дизни. Гледачите можат да го видат и Флондер од Малата сирена како и познатата патка Баја во трејлерот.
И еве еден крајно разочарувачки трејлер за фановите на Петар Пан: