Во спомен на апостолот на македонските Бугари – Гоце Делчев – Радев најави настан за славењето на револуционерот во Софија – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/22 10:02 AM

Во спомен на апостолот на македонските Бугари – Гоце Делчев – Радев најави настан за славењето на револуционерот во Софија

На 4 мај, на одбележувањето 119 годишнината од смртта на Гоце Делчев, во Софија ќе се одржува национална конференција, за чествувањето на револуционерот.

Ова денеска го најави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој напиша:

„Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе бидат стабилни и неповратни во време кога историската вистина не’ обединува. На 4 мај славиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во неговиот спомен е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари“, напиша Радев на Фејсбук.

Националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“ е во организација на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт и е под покровителство на бугарскиот шеф на државата.

Интересен е профилот на соорганизаторот, односно Македонскиот научен институт, кој на својот профил ја има фотографијата на Ванчо Михајлов со негов цитат: „Кога во 1941 година во Македонија се отворија бугарски училишта, никаде немаше бунт и не се побараа други училишта“. Во описот за
Македонскиот научен институт стои дека е „најстариот специјализиран центар во светот за проучување на минатото на Македонија. Основан е на 21 декември 1923 година во Софија во просторијата № 10 на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ од 52 познати бугарски интелектуалци родени во Македонија. Мнозинството од основачите се познати историчари, лингвисти, етнографи, писатели, публицисти, правници, медицински лица, економисти, уметници и други. Заземаат значајни позиции во престижни научни институции, општествено-политички организации и државни институции, поради што имаат голема популарност и авторитет во земјава, а многумина и во странство“, стои во објаснувањето.

Фото: Фејсбук