Данска ја прекина програмата за вакцинација против ковид – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/22 9:44 AM

Данска ја прекина програмата за вакцинација против ковид

Данска стана првата земја која ја прекина програмата за вакцинација против коронавирусот, соопштувајќи дека тоа го прави бидејќи вирусот сега е под контрола.

„Пристигна пролетта, покриеноста со вакцини меѓу данската популација е висока, а епидемијата се промени“, се наведува во соопштението на Данската здравствена управа.

„Затоа, Националниот одбор за здравство сега ги завршува опсежните напори за вакцинација против ковид-19 за оваа сезона“, се вели во соопштението. Од 15 мај луѓето нема да добиваат покани за вакцинација од иако секој ќе може да ја заврши својата процедура за вакцинација.

Данските здравствени власти соопштија дека таму се вакцинирани 4,8 милиони граѓани, а повеќе од 3,6 добиле и бустер доза, пренесува CNBC.

Истовремено, многу луѓе се заразила откако омикрон варијантата стана доминантна, па нивото на имунитет меѓу самата популација е високо.

„На добро место сме“, истакнаа од Националниот одбор за здравје.

„Имаме добра контрола врз епидемијата, која се чини дека се намалува. Стапките на прием (во болниците) се стабилни и исто така очекуваме таа наскоро да падне. Затоа, ја заокружуваме програмата за масовна вакцинација против ковид-19“, додаваат од таму.

 

Извор: b92.net

Фото: Илустрација / Unsplash