Ѝ го злоставувале синот (9) на школо бидејќи носел фустани, низ солзи раскажала актерката Меган Фокс – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/22 9:03 AM

Ѝ го злоставувале синот (9) на школо бидејќи носел фустани, низ солзи раскажала актерката Меган Фокс

Меган Фокс се расплакала во неодамнешното интервју за Glamour UK додека зборувала дека нејзиниот најстар син Ноа бил малтретиран на училиште.

Нејзиното срце е скршено од суровоста на децата со кои нејзиниот син ги дели училишните клупи.

„Имам дете кое страда. Многу сум загрижена поради тоа, би сакала човештвото да не е такво”, рекла Меган за својот деветгодишен син.

Актерката и претходно отворено зборуваше дека нејзиниот син сака да носи фустани. Дури и кога имал само две години повеќе сакал фустани место панталони, тврди Меган. Како што изјави за Гламоур, прочитала планина од книги на оваа тема, вклучувајќи ги и оние напишани од трансродови деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


Таа го гледа изборот на облека на нејзиниот син како негов начин на изразување.

„Некои од книгите велат дека можеш да бидеш момче и да носиш фустан. Можеш да се изразиш преку облеката како што сакаш. Тоа дури и не мора да има никаква врска со вашата сексуалност”, рече таа.

Меган работеше со години за да ги охрабри Ноа и неговите браќа, Џорни и Боди, да се прифатат тоа што се. За жал, вели таа, другите луѓе се тие кои имаат проблеми со личниот избор на нејзиниот син

.
„Посакувам да можам да ги земам со себе, тоа би ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисоците на општеството, туку и затоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК“, додала таа.

Меган има три сина со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин.

Фото: Инстаграм