На Трудо и уште 600 Канаѓани Русија им забрани влез во државата – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/22 7:48 PM

На Трудо и уште 600 Канаѓани Русија им забрани влез во државата

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведува забрана за влез за речиси 600 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Џастин Трудо.

Министерството објави список од 592 канадски државјани на кои им е забранет влезот во Русија.

„Нагласуваме дека руската страна ги воведува овие санкции исклучиво како присилна реакција на непријателските дејствија на канадското раководство“, се вели во соопштението на руското МНР.

На списокот, меѓу другите, се и вицепремиерката Кристија Фриланд, министерката за одбрана Анита Ананд, Камерон Ахмад директор за комуникации на Кабинетот на премиерот и други функционери, пратеници, јавни личности и новинари.

Русија воведе слична забрана за патување на стотици британски членови на парламентот.

МИА