Не можете да заспиете? Со помош на посебен метод „исклучете се“ за 10 секунди – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/22 9:07 PM

Не можете да заспиете? Со помош на посебен метод „исклучете се“ за 10 секунди

Се обидувате да заспиете, а тоа не ви оди од рака? Постои трик кој е научно докажан, а кој вреди да го пробате за да можете да заспиете за 10 секунди. Овој метод трае 120 секунди, но се смета дека последните 10 секунди се сѐ што ви е навистина потребно.

Воден метод

Американците измислиле метод кој им помага на пилотите да заспијат за две минути или помалку. Им биле потребни околу шест недели вежби, но потоа сфатиле дека навистина функционира.

Опуштете го целото лице, вклучувајќи ги мускулите на вилицата и во устата.

Како?

– Спуштете ги рамената за да ја ослободите напнатоста и оставете ги рацете да ви паднат на страната на телото.

– Издишете, опуштете ги градите.

– Опуштете ги нозете и бутовите.

– Исчистете го умот 10 секунди замислувајќи релаксирачка сцена.

– Ако тоа не функционира, изговарајте ја реченицата „не размислувај“ повеќе од 10 секунди.

– Во рок од 10 секунди треба да заспиете.

– Ако не ви одговара, можеби ќе треба да работите врз основа на воениот метод: дишење и опуштање на мускулите, за кои постојат некои научни докази дека функционираат.