Вежбите со клекнувања в место се корисни за мозокот – ММС
ММС

Објавено на: 05/1/22 9:00 PM

Вежбите со клекнувања в место се корисни за мозокот

Еден од најдобрите начини за подобрување на здравјето на мозокот е да минете неколку минути секое утро правејќи вежби со клекнувања во место или други потези со оптоварување на нозете, вели д-р Мајкл Мозли.

Иако не постои брз пат до подобро помнење, познавачите посочуваат дека може мудро да ги одбереме вежбите – оние кои бараат минимална подготовка и опрема, но ветуваат значителни резултати. Иако физичките придобивки од вежбањето се добро познати, често го занемаруваме долгорочното позитивно влијание што може да го има врз здравјето на нашиот мозок. И навистина не треба да работите премногу напорно за да се добие тој умствен стимул.

Д-р Мозли неодамна, во интернет-емисијата на Би-би-си – „Just One Thing”, објасни дека секој ден се обидува да прави некаков кардиотренинг за здравјето на срцето и белите дробови, но и дека единственото нешто што би препорачал да го додадеме во секојдневната рутина е тренингот со малку повеќе напор.

Меѓу вежбите коишто тој ги истакна се и „склековите”, но и клекнувањата в место кои може делотворно да ги подобрат функциите на мозокот.

– Има еден фасцинантен нов труд за придобивките од тренингот со напор, како што се неколку минути разгибување на телото на ден – каде што не ви треба посебна опрема, а што може да го подобри вашиот мозок, како и вашите мускули, рече тој. – Друга вежба со малку напор што ви ја препорачувам, се клекнувањата. Како што откривме, тоа е една од изненадувачки најдобрите вежби за подобрување на функцијата на мозокот.

Тој препорачува двете вежби да се прават наутро откако ќе станете од кревет…

– Тоа е вежбање за целото тело – му помага на вашето срце, па може да ја зголеми и силата на Вашиот мозок, додаде тој.

Трудот објавен во невролошкото списание „Фронтиерс” (Frontiers In Neuroscience) појаснува дека вежбите за нозе со оптоварување испраќаат невролошки сигнали кои се од витално значење за создавање нови, здрави мозочни клетки. Овие клетки потоа можат да го подобрат размислувањето, но и целокупната когнитивна функција.