Ќе одговориме на сите мерки од САД, дури и на „идиотските“, вели Захарова – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/22 11:59 AM

Ќе одговориме на сите мерки од САД, дури и на „идиотските“, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“, изјави дека Москва ќе одговори на сите мерки, вклучително и „идиотските“.

– Сите мерки што ќе ги преземат, дури и оние од идиотски карактер, ќе добијат свој развој и продолжување, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го сфатат тоа, наведе Захарова.

Претходно, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека САД ја анализираат можноста Русија да ја вклучат на списокот на „соучесници на тероризмот“.

За Москва таквите соопштенија се пропаганден потег на Вашингтон.

МИА