На петгодишнината од насилството во македонското собрание (27.04.2017), поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов се присети како било. Тој на својот Фејсбук профил раскажа една случка а чадорот со кој го удирале.
-За “патриотите” и “уставобранителите”: Некаде ова време пред 5 години (лета времето), ордата веќе беше влезена во Собранието. Имаше еден чичко (дедо) кој што во тој упад во Собранието, влегол со чадор. Со чадорот упорно удираше по Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и по мене.
По некое време, Дамјан го праша: Чиче, да ти го купам чадоров за 300 денари ? Чичето одговори: мојов е скап, голем е, вреди барем 500. На Дамјан му дадов 1.000 денари. Му ги даде на чичето. Ни го даде чадорот за 1.000 денари и излезе од прес центарот на Собранието , напиша тој и додаде:
-Ах, Македонијо … Те продадоа за 1.000 денари. Како бакшиш на „певаљка“ (па макар и оперска) која денес глуми лудило пред Собрание. Ве охрабрувам “патриоти”, ботови, лево разочарани и слични, коментирајте. На најјако. Некогаш (се сомневам) можеби и ќе ви текне, напиша Шилегов.