Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од учесниците во упадот во Собранието на 27 април, изведе свој перформанс додека седи во кафез пред влезот на институцијата, со истакнат транспарент: „Молчењето е зла(О)то“. Дурловски, седнат на столче во кафезот, преку устата има излепен фластер.
Дурловски учествуваше во протестите што секојдневно се случуваа пред Собранието во 2017 година, како и во упадот. Му се судеше заедно со групата што сега е во затвор, но беше ослободен од обвинение.
Денеска се навршуваат пет години од упадот во Собранието, кога од толпа луѓе кои влегоа внатре беа нападнати пратеници, политичари, новинари. 16 од напаѓачите се осудени и издржуваат казна затвор.