Црна Гора во паника – Поради дојава за бомби евакуирани училиштата во повеќе градови – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/22 8:51 AM

Црна Гора во паника – Поради дојава за бомби евакуирани училиштата во повеќе градови

Наставата во основните училишта во неколку црногорски градови е прекината поради информации дека се поставени бомби.

Евакуирани се училиштата во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње, а дојава за бомба имало и во општината и судот во Бар.
„На територијата на училиштето беа поставени многу бомби. Отсекогаш сме сонувале за одмазда. Ќе се одмаздиме, ќе дојдеме во училиштата. Ќе убиеме се. Никој нема да остане жив. Ќе крвари цел град“, е пораката што ја добиле сите училишта кои биле евакуирани.
По објавата за бомба, утрово нема настава во основните училишта, децата од влезот се вратени дома, а делот кој веќе бил во училиште се евакуира. Родителите се известени дека нема место за паника. Пред и внатре во зградите е полицијата, информира РТЦГ.