Молдавија во страв по изјавата на рускиот генерал – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/22 2:12 PM

Молдавија во страв по изјавата на рускиот генерал

Русија внимателно го следи развојот на настаните во самопрогласеното Придњестровје, проруска енклава во Молдавија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и вестите од таа област ги оцени како загрижувачки.
Придњестровје беше место на неколку напади во последните денови, соопштија локалните власти, наведувајќи го нападот врз воената единица во близина на Тираспол, нападот со гранати врз Министерството за државна безбедност и две експлозии кои уништија антени кои емитуваа програми на руското радио.
Отпаднатата молдавска провинција затоа го зголеми нивото на закана од тероризам и постави контролни пунктови, објави официјалната новинска агенција Придњестровје.
Како одговор на серијата експлозии во прорускиот сепаратистички регион Придњестровје и стравувањата од прелевање на конфликтот од Украина во таа мала источноевропска земја, молдавската претседателка Маја Санда свика седница на националниот Врховен совет за безбедност.
Во последните денови, Молдавија изрази загриженост поради изјавата на рускиот генерал дека Москва сака да ја преземе контролата врз јужна Украина како дел од нејзината „специјална воена операција“ со цел да има директен пристап до сепаратистичката енклава Придњестровје, која Москва ја поддржува економски и воено. .
Приднестровје се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна што избувна по распадот на Советскиот Сојуз во 1990 година. Енклавата има околу 500.000 жители, а Русија распореди околу 1.500 војници кои служат како мировници.
Кишињев е многу чувствителен на какви било знаци за зголемување на тензиите во Придњестровје, особено по руската инвазија на Украина. Украинската влада стравува дека проруската енклава може да послужи како рампа за нови напади врз Украина.

Извор:  index.hr