Порака на Вархеи: Не е доволно да ја убедите ЕК, туку земјите членки – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/22 11:54 AM

Порака на Вархеи: Не е доволно да ја убедите ЕК, туку земјите членки

Пристапувањето кон Европската унија не е само техничка задача туку и политичка. Тоа значи дека не е доволно само да ја убедите Европската комисија, туку секогаш треба да ги убедите земјите членки – е пораката што денеска од Софија, Бугарија ја упати еврокомесарот Оливер Вархеи. Тој рече дека ги разбира искажаните фрустрации на претставниците на земјите од Западен Балкан, кои имаат различни приказни и причини за тоа што се’ уште не се во ЕУ, но во основа имаат ист проблем – како да се исполнат сите предуслови за влез во европското друштво.

-Разбирам дека ова е тешко некогаш и е предизвик, но тука сме да помогнеме. Процесот на проширување стана премногу „национализиран“. Слушнавме многу фрустрации од различни причини и агли. Но, она што е важно за мене и продолжувам да го повторувам на земјите членки, дека ние мораме да ги донесеме сите неопходни одлуки, без оглед колку се мали или големи. Кога доаѓа времето и критериумите се исполнети, ние мора да одлучиме. И тука нема оправдување, бидејќи ако не ги донесеме тие одлуки, сите негативни последици нас ќе не’ прогонуваат, не тие од Западне Балкан, кажа Вархеи.

На почетокот на своето излагање на конференцијата за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, еврокомесарот рече дека е „екстремно разочаран што се’ уште се разговара за прашањето кога Македонија ќе ги почне преговорите со Европската Унија“.

-ЕУ нема ни време за губење, ни интерес  да се одложува првата меѓувладина конференција со двете земји. Сега сум овде во Софија и кога зборуваме за проширувањето, неизбежно е прашањето кога ќе ја имаме меѓувладината конференција, односно кога ќе почнеме да работиме на испорачување на членството“, рече Вархеи.

Како што е предвидено со неговата агенда, Вархеи во Софија претпладнето се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев, а попладне ќе разговара со премиерот Кирил Петков.

Вархеи доаѓа е во Скопје.